Започнаа манифестациите по повод 26 Август 949-годишнината од победата на Битката кај Малазгирт

Акробатскиот тим на Командата на воздухопловните сили Турските ѕвезди, во чест на 949. годишнина од извојуваната победа реализираа специјални демонстративни летови во населените места Ахлат кај градот Битлис и Малазгирт кај градот Муш

1477831
Започнаа манифестациите по повод 26 Август 949-годишнината од победата на Битката кај Малазгирт

Во населените места Ахлат кај градот Битлис и Малазгирт кај градот Муш започнаа церемониите за манифестациите по повод одбележувањето на 949-годишнината од 26 август извојуваната победа на Битката кај Малазгирт.

Во Малазгирт кој се оценува како „врата на влезот на Турците во Анадолија (1071 година)“ и во Ахлат кој се смета како „тапија на Анадолија“, акробатскиот тим на Командата на воздухопловните сили Турските ѕвезди, во чест на 949-годишнината од извојуваната победа реализираа специјални демонстративни летови.

Кај учесниците на манифестациите голема заинтересираност привлекоа и 8-те коњи со своите коњаници од Централната команда за обука на коњи и кучиња на жандармеријата во Невшехир.

Вчера на првиот ден на манифестациите за коишто се прават подготовки подолго време, воедно беа одржани и натпревари во стрелање за деца, како и спортски натпревари во пинг-понг, голф и бадминтон. 

 



Слични вести