Реакција од министерот Акар против Грција која соопшти дека ќе реализира воена вежба во Источниот Медитеран

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар тоа што Грција соопшти дека ќе реализира воена вежба во областа којашто делумно се поклопува со просторот на активностите на бродот „Оруч Реис“, го оцени како активност којашто ја зголемува затегнатоста

1478326
Реакција од министерот Акар против Грција која соопшти дека ќе реализира воена вежба во Источниот Медитеран

Под претседателство на министерот за национална одбрана Хулуси се одржа состанок преку видеоконференција на кој учествуваа и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на Воздушните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз и командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал, како и заменик министрите Јунус Емре Караосманоглу, Алпаслан Каваклиоглу и Мухсин Дере.

На состанокот беа дадени информации во врска со активностите и последната состојба на теренот од страна на Консултационата команда за одбранбено безбедносна соработка и обука и помош во Либија, Командантот на турските сили на задача во Авганистан, претседателот на турската воена претставничка делегација во штабот на НАТО, командантот на Турските мировни сили на Кипар во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), како и воените команданти и командантот на борбените воздушни сили и флотата.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа овде истакна дека операциите за борба против тероризмот ќе продолжат со одлучност, аво врска со случувањата во Источниот Медитеран го рече следното: „ Нашите Поморски сили интензивно ги продолжуваат своите активности во Егејското, Средоземното и Црното Море, со елан и одлучност и освен тоа на начин со силата со којашто располагаат ги исполнуваат своите задачи за одбрана на правата, заинтересираноста и интересите на нашата земја и на нашиот племенит народ.“

Освен тоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар тоа што Грција соопшти дека ќе реализира воена вежба во областа којашто делумно се поклопува со просторот на активностите на бродот за истражување „Оруч Реис“, го оцени како активност којашто ја зголемува затегнатоста.

Акар, ова го оцени како активност којашто не се усогласува со добрососедските односи и поморските правила, ја доведува во опасност безбедноста на пловидбата и ја зголемува затегнатоста. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на крајот на својот говор ја честита Неделата на победата во врска со што го рече следното: „Уште еднаш со милост и благодарност се сеќавам на Гази Мустафа Кемал Ататурк и неговите другари соборци; сите наши шехиди (паднати борци) кои ги положиле своите животи за нашиот племенит народ и нашето единство; сите наши јуначки газии (ветерани) кои заминале во својот вечен дом, им ја доставувам мојата почит и мојата благодарност на нашите газии кои се уште се во живот и на семејствата на нашите шехиди и газии.“



Слични вести