Продолжена задачата на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран

Задачата на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во близина на островот Кипар во Источниот Медитеран со издадена нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) е продолжена за уште 4 дена до 27 август

1477807
Продолжена задачата на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) со која соопшти дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ своите активности во Источниот Медитеран ќе ги продолжи до 27 август.

Со ова ново издадено соопштение задачата на „Оруч Реис“ којашто требаше да заврши вчера е продолжена за уште 4 дена.

Според тоа, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ заедно и со турските бродови „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ ќе ги продолжат своите истражувања во претходно соопштената зона во близина на островот Кипар во Источниот Медитеран.

Инаку, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ на чело со пребарувања на природни реусрси во континенталниот гребен може да реализира секој вид геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања.

На бродот „Оруч Реис“ кој е едниот од ретките целосно опремени и повеќе наменски бродови за истражување можат да се вршат воедно и дводимензионални и тродимензионални сеизмички, гравитациски и магнетни геофизички истражувања во морето. 

„Оруч Реис“ може да реализира тродимензионални сеизмички операции на длабочина до 8.000 метри и дводимензионални сеизмички операции на длабочина до 15.000 метри во морето.



Слични вести