Мевлут Чавушоглу сподели видео со начинот на поздравување „поздравот од срце“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу сподели видео во кое напиша: Со нашиот начин на „позрдрав од срце“ (#GönülSelamı, #HeartGreeting) воспоставивме врска од срце до срце со целиот свет

1477769
Мевлут Чавушоглу сподели видео со начинот на поздравување „поздравот од срце“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу сподели видео со „поздравот од срце“ (#HeartGreeting) којшто претседателот Реџеп Тајјип Ердоган поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го даде ставајќи ја својата рака на градите и кој најде место во дипломатските разговори коишто се одржуваат лице в лице.

Чавушоглу видеото во кое се раскажува за интензивните дипломатски иницијативи во последно време и кое е подготвено од страна на екипата за социјална медија на потсекретаријатот за печат при Министерството за надворешни работи, го сподели на својот профил на Твитер со белешката „Со нашиот начин на 'позрдрав од срце' (#GönülSelamı, #HeartGreeting) воспоставивме емотивна врска од срце до срце, со целиот свет.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 9 март престојуваше во еднодневна работна посета на главниот град на Белгија, Брисел. Овде, претседателот Ердоган по остварените разговори со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг наместо да се ракува велејќи „Корона“ ја стави својата рака на градите на што пак на ист начин ставајќи ја својата рака на градите одговори и генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

Така во споделеното видео од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се нагласува дека начинот на поздравување на претседателот Ердоган откако беше виден во Брисел почна да се практикува во целиот свет. 

Во видеото им се одделува место на зборовите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган коишто ги изговори на 18 март „Се додека да не исчезне целосно опасноста од пандемијата ќе се задоволиме нашата љубов да ја покажуваме од срце и со нејзино изговарање. Затоа, поздрав од срце.“ 

Освен тоа во видеото заземаат место и снимки и фотографии на странски претседатели, премиери и министри за надворешни работи кои за време на своите остварени дипломатски средби и разговори во последно време се поздравуваат со тој „поздрав од срце“ (со ставање на раката на своите гради, т.е. на своето срце).



Слични вести