Медицинска помош од Турција на Судан во борбата против Ковид-19

Авионот со помош во медицински материјали од Турција на Судан пристигна на аеродромот во главниот град Картум

1477552
Медицинска помош од Турција на Судан во борбата против Ковид-19

Испратената помош во медицински материјали од Турција за Судан во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) пристигна во главниот град на оваа африканска земја Картум. 

Авионот натоварен со здравствени материјали испратени од страна на турската Црвена полумесечина "Кизилај" за Судан, на аеродромот во Картум беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во Картум Ирфан Незироглу и судански функционери.

Амбасадорот на Турција во Картум Ирфан Незироглу во говорот што го одржа овде истакна дека помошта испратена од Турција од 1.236 кутии составена од вентилатори, маски и заштитни комбинезони пристигна во Судан. 

"Заедно со помошта ги донесовме и поздравите на турскиот народ и на нашиот почитуван претседател." - рече амбасадорот Ирфан Незироглу.

Афаф Шакир од суданското министерство за здравство пак, им се заблагодари на Турција и на турскиот народ за испратената помош.

Во Судан, од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега животот го загубија 476 лица, а се регистрирани 12.623 случаи на зараза од вирусот.



Слични вести