Ердоган: Турција продолжува со одлучност по својот пат во одбранбената индустрија

Претседателот Ердоган истакна дека Турција продолжува со одлучност по својот пат во сферата на одбранбената индустрија

1477696
Ердоган: Турција продолжува со одлучност по својот пат во одбранбената индустрија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на церемонијата на предавање на новите поморски системи во бродоградилиштето Десан во Тузла во Истанбул истакна дека народите кои не можат да станат силни и независни во одбранбената сфера не е можно да гледаат со доверба кон својата иднина. 

Претседателот Ердоган истакна дека Турција го продолжува со одлучност својот пат во сферата на одбранбената индустрија. 

"Одбранбената индустрија не е сфера којашто би можела да поднесе застој. Мораме да одиме уште понапред, да го произведеме поразвиеното." - рече Ердоган. 

Велејќи "Оние кои се вознемирени од авторитетот и силата на нашата земја прават се што е во нивна можност за да би можеле да ја осудат Турција во мочуриште на нестабилност како порано", претседателот Ердоган го подвлече следното: "Ќе продолжиме по нашиот пат, спречувајќи го притоа секој напад, расипувајќи ја секоја игра насочени против својството на демократска правна држава на Турција."

Тој рече: "Нашата цел да развиеме една одбранбена индустрија и инфраструктура на производство којашто ќе нема потреба од надвор во ниту една критична сфера." - рече

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена Турција  е едната од 10-те земји во светот која може да го дизајнира и произведува својот сопствен воен брод, а воедно го додаде следното: "Работиме, произведуваме, водиме борба со совест дека немаме за губење ниту еден наш спомен."



Слични вести