Акар: Турција во блиско време реализира многу значајни стратешки потфати во својот регион

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар напомена дека Турција апсолутно нема да дозволи да дојде до формирање на ниту една формација којашто претставува закана за нејзината безбедност

1477754
Акар: Турција во блиско време реализира многу значајни стратешки потфати во својот регион

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на церемонијата на предавање на новите поморски системи во бродоградилиштето Десан во Тузла во Истанбул истакна дека Турција која под лидерство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се однесува проактивно, во блиско време реализира многу значајни стратешки потфати во својот регион.

Акар напомена дека Турција апсолутно нема да дозволи да дојде до формирање на ниту една формација којашто претставува закана за нејзината безбедност.

„Од една страна со едно по друго реализираните ефикасни и успешни воени операции го спречивме терористичкиот коридор за којшто се водат обиди да се формира на нашите јужни граници, а од друга страна со постигнатите договори со Либија се стекнавме со значајни придобивки во борбата за одбрана на нашите права, нашата заинтересираност и на нашите интереси во Централниот и Источниот Медитеран. Природниот гас чија радосна вест ја дадовме во петокот веруваме дека Иншаллах (со Аллахова помош) ќе стане потпора и на поголеми и значајни стратешки зафати.“ - рече Акар.

Велејќи дека сите активности се реализираат со правичност и во усогласеност со разумот, логиката, меѓународното право и сфаќањето за добрососедство, Хулуси Акар продолжи со следните зборови: „Меѓутоа, секој треба да го знае и тоа дека апсолутно никако нема да дозволиме да дојде до формирање на ниту една формација којашто ќе им се заканува на нашата земја и на нашиот племенит народ, и на никоја иницијатива којашто ќе се обиде да ги одземе насилно нашите права, нашата заинтересираност и интересите во нашата Сина татковина. Едностраните барања и применување на Грција во Егејското и Средоземното Море со коишто се земаат во предвид само сопствените интереси, односно наоружување на островите, воздушниот простор од 19 милји, барањето 40 илјади квадратни километри надлежност во морето за Меис (грчки Кастелоризо), апсолутно не се во усогласеност со разумот, меѓународното право и сфаќањето за добрососедство и не се истоветуваат со вистините.“

Нагласувајќи дека никој не може да ја зароби Турција во нејзините крајбрежја, која инаку е земја со најдолго крајбрежје во Источниот Медитеран, министерот Акар рече: „Очекуваме нашите пријатели и сојузници да ги вреднуваат со објективен и беспристрасен поглед и нашите ставови и барања. Од друга страна, за нас е неважечки таканаречениот договор за поморска надлежност постигнат помеѓу Египет и Грција којшто е во спротивност и со интересите и на двете земји. Со овој договор првенствено навистина им е нанесена неправда на народите на двете земји. Освен тоа, не се истоветуваат со духот на сојузништво и со солидарноста и изјавите и активностите на некои земји кои немаат никаква врска со регионот, а во однос на тоа дека ќе го зајакнат своето воено присуство во Источниот Медитеран. Нивните изјави немаат никаква правна основа. Како досега така и во иднина ниебсме одлучни, располагаме со елан и со потребната сила за одбрана на правата, заинтересираноста и интересите во нашата Сина татковина, ѝ на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ѝ на  нашата земја. И апсолутно никако нема да дозволиме да дојде до никаква состојба на свршен чин.“

"Нашата одлучност по ова прашање ја изнесоа и договорите коишто ги постигнавме со Либија. До крај сме и покрај нашите либиски браќа со кои располагаме со 500 годишни историски и културни врски. Со загриженост го следиме тоа дека и овде се повторуваат грешките коишто се направени во Сирија, од страна на нашите пријатели и сојузници. Со сфаќањето 'Либија е на Либијците' водиме борба за Либија која ќе ги воспостави својот територијален интегритет и своето политичко единство и која со еден траен, координиран прекин на огнот кој ќе го одбрани правото на Либијците, ќе се стекне со мир, спокојство и стабилност." - порача министерот за национална одбрана Хулуси Акар. 



Слични вести