Во операцијата „Молња-5“ на планините Аманос кај Хатај се неутрализирани тројца терористи

Во рамките на операцијата „Молња-5“ во руралното подрачје на планините Аманос кај градот Хатај се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1477435
Во операцијата „Молња-5“ на планините Аманос кај Хатај се неутрализирани тројца терористи

Во операција поддржана од воздух во руралното подрачје на планините Аманос кај градот Хатај во рамките на операцијата „Молња-5“ се неутрализирани тројца терористи.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека продолжува операцијата „Молња-5“ којашто е започната (на 12 август) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Во соопштението се вели следното: "Како резултат на разузнавачките активности на градската команда на жандармеријата и градската дирекција на полицијата во руралното подрачје Хатај-Аманос во рамките на операцијата „Молња-5“, во реализирана операција поддржана од воздух од страна на специјалните жандармериски сили (JÖH) и жандармериските командоси единици се неутрализирани тројца терористи. Заедно со неутрализираните терористи се запленети 3 пешадиски пушки М-16 и големи количини муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите. Операцијата во подрачјето продолжува."



Слични вести