Пораки со честитка од Азербејџан до Турција за откриениот гас во Црното Море

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во испратеното писмо до претседателот Ердоган напиша дека со откриените резерви на природен гас во Црното Море Турција фрли значаен чекор во сферата на енергетската безбедност

1477448
Пораки со честитка од Азербејџан до Турција за откриениот гас во Црното Море

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му честита на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган поради откриениот природен гас од страна на Турција во Црното Море. 

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, претседателот Алиев во испратеното писмо до претседателот Ердоган напиша дека Турција фрли значаен чекор во сферата на енергетската безбедност. 

Велејќи дека експлоатацијата на откриеното лежиште на природен гас ќе му обезбеди корист на братскиот турски народ, Алиев истакна дека откривањето на ова лежиште е манифестација на индустрискиот потенцијал и растечката сила на Турција.

Претседателот Илхам Алиев потсети дека Азербејџан и Турција долги години како успешно ставаат во примена големи енергетски и транспортни проекти и напомена дека проектите како што се Баку-Тбилиси-Џејхан, Баку-Тбилиси-Ерзурум, ТАНАП и Баку-Тбилиси-Карс уште повеќе го зацврстуваат партнерството помеѓу двете земји.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во својата порака го истакна и следното: „Се надевам дека ќе бидат успешни и другите проекти за откривање коишто сѐ уште продолжува да ги води Турција. На успесите на братска Турција се радуваме колку на нашите сопствени успеси. Верувам дека азербекџанско-турското братство и пријателство ќе продолжи да се развива и зајакнува.“

Од друга страна пак, азербејџанскиот премиер Али Асадов испрати порака со честитка до потпретседателот Фуат Октај, додека азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов го побара по телефон својот колега министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на кого исто така му честита поради откриениот природен гас од страна на Турција во Црното Море.



Слични вести