Пакистан и честита на Турција за откриените резерви на гас во Црното Море

Пакистанскиот претседател Ариф Алви на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Пријателите чувствуваат задоволство од радоста и просперитетот на своите пријатели. Машаллах.“

1477446
Пакистан и честита на Турција за откриените резерви на гас во Црното Море

Пакистанскиот претседател Ариф Алви и честита на Турција поради откриените 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас во Црното Море.

Претседателот Алви во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Треба да им честитам на нашите пријатели, на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на народот на Турција, за нивното најголемо откритие на природен гас во Црното Море. Пријателите чувствуваат задоволство од радоста и просперитетот на своите пријатели, Машаллах.“

Пратеникот на владејачката партија и претседател на постојаниот комитет за енергија при Националниот Парламент Имран Хатак, исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Му честитаме на турскиот народ поради откривањето на големи резерви на природен гас во близина на бреговите на Црното Море.“

Лидерот на Партијата Џемаат-и Ислами (JI) на Пакистан во дадената изјава за дописникот на Агенцијата Анадолија (АА), откритието го окарактеризира како „почеток на еден нов период“ за Турција.

Откривањето на резервите на природен гас на Твитер и на другите социјални медиуми со етикетата „Hayırlı OlsunTurkiye - #PakGreetsTurkey“ (Пакистан и честита на Турција) зазеде место меѓу темите за коишто се зборува најмногу, додека корисниците и честитаа на Анкара за историското откритие.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава вчера  соопшти дека Турција најголемото откритие во својата историја го реализира во Црното Море и дека бродот за дупчење „Фатих“ во својата сондажа во локацијата Туна-1 што ја започна на 20 јули 2020 година откри 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас.



Слични вести