Министерот Фатих Донмез ја соопшти економската вредност на откриениот природен гас во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека економската вредност на откриениот природен гас во Црното Море се проценува на некаде околу 65 милијарди долари

1477237
Министерот Фатих Донмез ја соопшти економската вредност на откриениот природен гас во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез беше гостин во една телевизиска програма кадешто истакна дека работите за сеизмички истражување во областа каде се откриени резерви на природен гас во Црното Море започнаа пред приближно 14 месеци.

Во врска со економската вредност на откриените резерви, Донмез го рече следното: „Би можеле да кажеме дека економската вредност на овој гас (откриените 320 милијарди метри кубни резерви во Црното Море) изнесува 65 милијарди долари.“

„Тешко е да се претпостави без да се знае колку ќе изнесуваат цените на природниот гас и нафтата во иднина. Цените на природниот гас на глобално ниво во светот се индексирани на цените на нафтата. Ако погледнеме со  до 5 годишна перспектива наназад, би можеле да кажеме дека економската вредност на гасот ќе изнесува околу 65 милијарди долари.“ - појасни Донмез. 

Укажувајќи дека годишната потрошувачка на гас на Турција изнесува 45-50 милијарди метри кубни, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез го додаде следното: „Ова откритие и доколку не би купувале извори од никаде би можело да ги обезбеди потребите на нашата земја во текот на приближно 7 до 8 години, меѓутоа ќе продолжи да се бара и можеби оваа бројка би можела да се зголеми уште повеќе.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава вчера го рече следното: „Турција најголемото откритие во својата историја го реализира во Црното Море. Нашиот брод за дупчење Фатих во својата сондажа во локацијата Туна-1 што ја започна на 20 јули 2020 година откри 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас.“



Слични вести