Џејмс Џефри денеска и утре ќе престојува во посета на Турција и Швајцарија

Џејмс Џефри, специјалниот претставник на САД за Сирија и претставник на коалицијата за борба против ДЕАШ, денеска и утре ќе води разговори во Турција и Швајцарија

1477191
Џејмс Џефри денеска и утре ќе престојува во посета на Турција и Швајцарија

Специјалниот претставник на САД за Сирија и претставник на коалицијата за борба против ДЕАШ Џејмс Џефри на 22 и 23 август (денеска и утре) ќе престојува во посета на Швајцарија кадешто ќе води разговори во врска со Сирија и последните случувања во регионот.

Во објавеното писмено соопштение од Државниот секретаријат Стејт департментот на САД се истакнува дека Џејмс Џефри за време на неговите посети на Турција и Швајцарија ќе биде придружуван од заменик потсекретарот на Стејт департментот и специјален амбасадор за Сирија Џоел Рејбарн.

Во соопштението се вели дека на разговорите на Џефри и делегацијата во негова придружба со високи турски функционери во Анкара ќе бидат разгледани борбата терористичката организација ДЕАШ, Сирија и прашања посветени на билатералната соработка во регионот, а воедно ќе стане збор и за процесот во врска со применувањето на резолуцијата број 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации (усвоен едногласно на 18 декември 2015 година за итно постигнување прекин на огнот и изнаоѓање политичко решение во Сирија).

Во соопштението се истакнува дека Џејмс Џефри во Истанбул ќе се состане со сириските опозициски групи и членовите на граѓанските организации со кои ќе разговара за последната ситуација во Сирија, а освен тоа ќе се разговара и за политиката на економски и политички притисок на САД врз Асадовиот режим. 

Џејмс Џефри за време на неговите разговори во Швајцарија пак, ќе се состане со специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир Педерсен, како и со водачите кои учествуваат на третата рунда од разговорите на Уставниот комитет на Сирија.



Слични вести