Честитка од украинскиот претседател Зеленски до претседателот Ердоган за откриениот гас во Црното Море

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честита на претседателот Ердоган поради откриениот природен гас во Црното Море и посака овој развој да послужи за доброто на турскиот народ

1477443
Честитка од украинскиот претседател Зеленски до претседателот Ердоган за откриениот гас во Црното Море

Претседателот на Украина Володимир Зеленски му честита на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган поради големото откритие на Турција на природен гас во Црното Море и посака да послужи за добро (да е аирлија).

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателството, во остварениот телефонски разговор помеѓу претседателот Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски беа разгледани чекорите во правец на зајакнување на билатералните односи, а беше направена проценка и на регионални случувања.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во разговорот ги достави своите честитки до претседателот Ердоган поради големото откритие на Турција на природен гас во Црното Море и посака овој развој да биде аирлија (да послужи за доброто) за турскиот народ.



Слични вести