Телефонска дипломатија од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок и со шпанската министерка за Европска унија (ЕУ) и соработка Аранча Гонзалес Лаја

1476921
Телефонска дипломатија од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок и со шпанската министерка за Европска унија (ЕУ) и соработка Аранча Гонзалес Лаја.

Според добиени информации од дипломатски извори, во телефонскиот разговор помеѓу министерот за надворешни работи Чавушоглу и неговиот холандски колега Блок беа разгледани прашањата посветени на Источниот Медитеран и туризмот.

Во остварениот телефонски разговор помеѓу Мевлут Чавушоглу и шпанската министерка за Европска унија (ЕУ) и соработка Аранча Гонзалес Лаја пак, беа разгледани актуелни регионални прашања.

Од друга страна, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го изрази и своето сочувство во врска со катастрофата од поплавите коишто се случија во Пакистан.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Им посакувам милост од Аллах на нашите пакистански браќа кои го загубија животот во катастрофата од поплави во пријателски и братски Пакистан, го изразувам моето сочувство до нивните блиски и до пакистанскиот народ. Секогаш сме покрај братски Пакистан.“



Слични вести