Од Егејското Море во близина на Карабурун кај Измир спасени 41 мигрант
По добиени информации дека на два сплава во морето во близина на Карабурун на два сплава се наоѓаат група мигранти на местото на настанот беа испратени екипи на Командата на турската крајбрежна стража кои спасија 41 мигрант

Од Егејското Море во близина на населеното место Карабурун кај градот Измир се спасени 41 мигрант кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води.
По добиени информации дека на два сплава во морето во близина на Карабурун се наоѓаат група мигранти на местото на настанот беа испратени екипи на Командата на турската крајбрежна стража.
Притоа беа спасени 41 мигрант кои биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води и спасените мигранти беа качени на чамецот на турската крајбрежна стража.
Мигрантите кои беа изнесени на копно по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција на Измир.
Слични вести

Ердоган: „НАТО е безбедносна организација, не можеме да прифатиме терористички организации“
Не можеме да прифатиме присуство на терористички организации во таква безбедносна организација