Изјави од државниот врв на Турција во врска со откриените резерви на природен гас во Црното Море

По соопштената радосна вест од страна на претседателот Ердоган за откриени големи резерви на природен гас во Црното Море изјави пристигнаа и од претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, потпретседателот Фуат Октај и министрите Алнбајрак и Донмез

1477101
Изјави од државниот врв на Турција во врска со откриените резерви на природен гас во Црното Море
Cumhurbaşkanı Yardımcısı Fuat Oktay Doğal Gaz Keşfi.jpg
fatih donmez-berat albayrak.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој се појави пред камерите во својата работна канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул ја соопшти радосната вест дека Турција во Црното Море откри 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас. 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во објавеното соопштение во врска со прашањето го рече следното: „(Откривањето на природен гас) Претставува историска пресвртница за нашиот народ. Турција откако ќе стави крај на своите енергетски расходи ќе расте со многу поголема брзина.“

Потпретседателот Фуат Октај во споделената објава на својот профил на социјалната медија го напиша следното: „На патот на Голема Турција, со фрлениот чекор со нашиот брод за дупчење 'Фатих' се наоѓаме во предвечерието на нашата независност во енергијата. Ќе продолжиме да работиме, произведуваме и да водиме борба за Турција.“

По соопштувањето на оваа радосна вест, изјави од бродот за дупчење Фатих пристигнаа и од министерот за трезор и финансии Берат Албајрак кој откривањето на резерви на гас во Црното Море го коментира како историски настан.

Албајрак рече: "Денеска е историски ден од аспект на националната енергетска политика на нашата земја. Радосни сме и возбудени. Стануваме сведоци на еден мошне значаен период и од аспект на иднината на нашата земја. Месецот август е месец на победи во нашата историја. Денеска повторно после десетици години стануваме сведоци на еден голем ден, на една славна победа во енергетската сфера. Заедно со овој процес Иншаллах (со Аллахова помош) на чело со енергијата, фрливме еден многу голем чекор во економијата и одбранбената индустрија."

Нагласувајќи дека овој развој ќе ја води Турција кон иднина со уште поголема надеж, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак го додаде следното: „(Откривањето на природен гас) Со овдешното откритие и овдешниот потенцијал Иншаллах (со Аллахова помош) прашањето на тековниот дефицит ќе го извадиме од дневниот ред на нашата земја и ќе зборуваме за тековниот суфицит.“

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во дадената изјава исто така од бродот за дупчење „Фатих“ истакна дека денешниот ден е од историските пресвртници од аспект на Турција и турскиот народ.

Велејќи дека во областа кадешто е реализирано големото откритие во Црното Море во најскоро време ќе бидат вршени нови дупчења, министерот Донмез рече: „Уште повеќе ќе ги разјасниме овие наши активности. Иншаллах (Со Аллахова помош) на 100 годишнината од нашата Република ќе им го доставиме на нашите граѓани нашиот сопствен природен гас.“



Слични вести