Ердоган: Турција во Црното Море откри 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас

Претседателот Ердоган од својата работна канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул информира дека Турција најголемото откритие во својата историја го оствари во Црното Море кадешто се откриени 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас

1477003
Ердоган: Турција во Црното Море откри 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас
Fatih sondaj gemisi.jpeg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја соопшти „радосната вест“ којашто се очекуваше со голема заинтересираност од страна на јавноста.

Претседателот Ердоган радосната вест ја соопшти од својата работна канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул и информира дека Турција најголемото откритие во својата историја го оствари во Црното Море.

Ердоган рече: „Нашиот брод за дупчење  Фатих во сондажата што ја започна на 20 јули 2020 година во локацијата Туна-1 откри 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас. Оваа операција ја реализиравме целосно со национални можности. Добиените податоци од локацијата укажуваат на голема (силна) веројатност од нови откритија на природен гас во истата област. Имаме за цел во 2023 година гасот од Црното Море да му го ставиме во употреба на нашиот народ.“

„Сега веднаш ќе почнеме со дупчење за утврдување, а потоа ќе го определиме концептот на производство и ќе преминеме на работите за изградба и градежните работи.“ - истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Тој подвлече дека енергијата освен тоа што е основниот елемент на развојот располага со големо значење и во воспоставувањето на националната независност, а воедно истакна дека се надеваат истата радосна вест да ја дадат и од Источниот Медитеран. 

Нагласувајќи дека во позадината на толкуте игри коишто се приредуваат во Источниот Медитеран се наоѓа кавгата за поделба на енергетските извори, Ердоган рече: „Ние сме одлучни енергетското прашање на нашата земја да го решиме од корен. За нас нема запирање и одмор се додека не дојдеме до позиција на нето-извозник во енергијата. Ќе продолжиме да чекориме во правец на нашите цели без да гаиме претензии кон ничие право, меѓутоа и без да му дозволиме никому да го одземе (да посегне по) нашето право.“

Осврнувајќи се и на едностраните активности на Грција за пребарување на јаглеводородни извори во Источниот Медитеран, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека Европската унија (ЕУ) треба да увиди дека со тоа што ја разгалува Грција врши предавство на своите сопствени принципи.

„Европската унија (ЕУ) поради двојниот стандард што го применува со тоа што ја разгалува Грција која ја пушта врз нас, уште еднаш треба да увиди дека врши предавство на своите сопствени принципи.“ - порача Ердоган.

 



Слични вести