Турција го осуди терористичкиот напад во Нигерија и го изрази своето сочувство за загинатите

Министерството за надворешни работи објави соопштение во кое го осуди терористичкиот напад во Нигерија во кој загинаа голем број лица и го изрази своето сочувство за загинатите

1476367
Турција го осуди терористичкиот напад во Нигерија и го изрази своето сочувство за загинатите

Турција го осуди терористичкиот напад во Нигерија и го изрази своето сочувство за загинатите во нападот.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дознаено за големиот број загинати во реализираниот терористички напад во областа Кукава во Нигерија и за големиот број киднапирани лица.

"Го осудуваме овој гнасен терористички напад. Искрено го изразуваме нашето сочувство до нигерискиот народ и владата, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите побрзо оздравување." - се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција." 

Инаку, како што е соопштено во реализиран напад од страна на терористичката организација Боко Харам загинаа најмалку 10 лица и голем број се ранети, а воедно и во вестите објавени во националниот печат се истакнува дека по нападот дошло до вооружен судир помеѓу членовите на терористичката организација и нигериските војници при што биле киднапирани и приближно 100 лица.



Слични вести