Турскиот воен персонал продолжува да ги уништува и чисти мините и експлозивите во Либија

Министерството за национална одбрана на својот профил на Твитер напиша: Продолжува уништувањето на поставените мини и рачните експлозивни направи и неексплодираната муниција во Либија кои се оставени од страна на милициските сили на пучистот Хафтар

1475915
Турскиот воен персонал продолжува да ги уништува и чисти мините и експлозивите во Либија

Министерството за национална одбрана соопшти дека во Либија продолжува уништувањето на мините и експлозивните направи од рачна изработка, како и неексплодираната муниција коишто се поставени и оставени од страна на милициските сили на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на оваа земја.

Министерството на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели снимки на припадниците на Турските вооружени сили (ТВС) кои ги чистат и уништуваат мините, рачните експлозивни направи и неексплодираната муниција поставени и оставени од страна на милициските сили на Хафтар во местата од кои се повлекоа.  

„Продолжува уништувањето на поставените мини и рачните експлозивни направи и неексплодираната муниција кои се оставени од страна на милициските сили на пучистот Хафтар. Нашиот персонал составен од експерти кој се наоѓа во Либија со самопожртвуваност и јуначки работи на чистење на мините и рачните експлозивни направи кои претставуваат голем ризик за цивилното население.“ - се вели во споделената објава од страна на Министерството за национална одбрана на Турција.



Слични вести