Турската крајбрежна стража од морето во близина на Кушадаси кај Ајдин спаси 42'јца мигранти

По добиени информации дека на еден гумен чамец во морето во близина на Кушадаси се наоѓаат група странски државјани на местото на настанот беше испратен чамец на Командата на турската крајбрежна стража и притоа беа спасени 42'јца мигранти

1475988
Турската крајбрежна стража од морето во близина на Кушадаси кај Ајдин спаси 42'јца мигранти

Од Егејското Море во близина на населеното место (познатото туристичко одморалиште) Кушадаси кај градот Ајдин се спасени 42'јца нерегуларни мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води.

По добиени информации дека на еден гумен чамец во морето во близина на Кушадаси се наоѓаат група странски државјани на местото на настанот беше испратен чамец на Командата на турската крајбрежна стража. 

Екипите спасија од морето 42 лица кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води.

Спасените мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција на Ајдин.

 



Слични вести