Трамп: Имаме многу добри односи со претседателот Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп на одржаната прес конференција во Белата куќа истакна дека имаат многу добри односи со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1475977
Трамп: Имаме многу добри односи со претседателот Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп на одржаната прес конференција во Белата куќа направи проценка на актуелниот дневен ред кадешто меѓу другото истакна дека имаат многу добри односи со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

На едно поставено прашање во врска со содржината на средбата којашто ќе ја одржи со ирачкиот премиер Мустафа ел-Казими, американскиот претседател Трамп го рече следното: „Во голема мера ги повлековме нашите војници од Ирак. Се повлекуваме од овие глупави војни на кои не им доаѓа крај. Всушност уште од самиот почеток никако не требаше да одиме таму. Според мене да одиме таму беше најлоша донесена одлука во нашата историја. Никако не требаше да бидеме на Блискиот исток.“

Нагласувајќи дека САД ги повлекуваат своите војници и од земјите како што се Авганистан и Сирија, Трамп рече: „Кога ги повлеков нашите војници замислете си до што дојде помеѓу Сирија и Турција. Секој рече дека тоа е страшно. Турција апсолутно својата работа може да си ја реши самата. Имаме многу добри односи со (претседателот Реџеп Тајјип) Ердоган.“

Доналд Трамп истакна дека секој велеше дека ако излезат од Сирија ќе дојде до „катастрофа“, меѓутоа подвлече дека нема било каква катастрофа.



Слични вести