Со операциите „Молња“ не им се дозволува на терористите ниту да трепнат

Во операциите „Молња“ коишто започнаа на 13 јули и продолжуваат досега се неутрализирани 22 терористи, а се уништени и 31 пештера

1476316
Со операциите „Молња“ не им се дозволува на терористите ниту да трепнат

Турција од една страна со операциите коишто ги реализира преку границата ги неутрализира терористите во нивните засолништа, а од друга страна не им дозволува ниту да здивнат на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација и внатре во границите на земјата.

Операциите „Молња“ кои се започнати почнувајќи од 13 јули, а со цел целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата, продолжуваат без да сопрат во 6 одделни подрачја во југоисточниот дел на земјата.

Првата од операциите „Молња“ е започната во подрачјето на планината Џуди, втората во Џило, третата во подрачјето на градовите Агри и Карс, четвртата во Мунзур кај градот Тунџели и петата во подрачјето на планините Аманослар. 

Во сиве овие операции коишто продолжуваат учествуваат 6.200 припадници на безбедносните сили и тоа тимови на жандармериски командоси, специјалните жандармериски сили (JÖH), специјалните полициски сили (PÖH) и на безбедносните чувари.

Во реализираните операции досега се неутрализирани 22 терористи и се уништени 31 пештера. 

Во меѓувреме, вчера од страна на Командата на жандармеријата во Бинѓол е започната и шестата од операциите „Молња“. 

Во операцијата „Молња-6 црн пекол“ учествуваат 700 припадници на безбедносните сили од 47 тимови составени од жандармериски командоси од градската команда на жандармеријата, специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили (PÖH) и безбедносни чувари.



Слични вести