Чавушоглу и Столтенберг разговараа телефонски за Источниот Медитеран и Либија

НАТО соопшти дека во телефонскиот разговор, генералниот секретар Јенс Столтенберг ја изразил загриженоста во врска со зетагнатоста во Источниот Медитеран и нагласил дека дијалогот и намалувањето на затегнатоста е во полза на регионот

1475909
Чавушоглу и Столтенберг разговараа телефонски за Источниот Медитеран и Либија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остварија телефонски разговор во кој направија проценка на ситуациите во Источниот Медитеран и Либија.

Според објавеното соопштение од страна на НАТО во врска со телефонскиот разговор, генералниот секретар на Алијансата Столтенберг ја изразил загриженоста во врска со зетагнатоста во Источниот Медитеран и нагласил дека дијалогот и намалувањето на затегнатоста е во полза на регионот.

Велејќи дека ситуацијата треба да се реши со духот на сојузничка солидарност во усогласеност со меѓународното право, Столтенберг потсети дека Турција и Грција со децении како се НАТО сојузници. 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по прашањето на Либија истакна дека НАТО ги поддржува работите коишто ги водат Обединетите нации (ОН) за изнаоѓање политичко решение на кризата и рече дека страните во Либија и меѓународната заедница треба да го поддржуваат процесот под водство на Обединетите нации (ОН) и да се почитува ембаргото на ОН за оружје.

Столтенберг воедно додаде дека НАТО за воспоставување на мирот и стабилноста во Либија, го поддржува Берлинскиот процес (јануари 2020) година.



Слични вести