Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 234 797

Во последните 24 часа се остварени 92 301 тестови од кои 1 412 беа позитивни

1476494
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 234 797

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа достигна 19 и вкупно изнесува 6 058 лица.

Во истиот период беа остварени 92 301 тестови од кои 1 412 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 882 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои се отпуштени од болница изнесува 234 797.



Слични вести