Алтун: Сите заедно ја очекуваме радосната вест на претседателот Ердоган што ќе ја соопшти утре

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун истакна дека сите заедно со возбуда го очекуваме утрешниот говор на нашиот претседател кој најави дека ќе ни соопшти една радосна ведт

1476242
Алтун: Сите заедно ја очекуваме радосната вест на претседателот Ердоган што ќе ја соопшти утре

Со голема заинтересираност се очекува каква радосна вест ќе соопшти претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре (во петок).

Соопштение по прашањето пристигнаа од шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун кој во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Гледаме дека се изнесуваат одредени шпекулации во врска со радосната вест за којашто почитуваниот претседател рече дека ќе ја соопшти во петок (утре). Ве молам немојте да им обрнувате внимание на овие шпекулации.“

Алтун во објавата напиша: „Сите заедно, во возбуда го очекуваме говорот што ќе го одржи утре нашиот почитуван претседател.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Анкара говореше на церемонијата на свечено отворање на фабриката за Соларна технологија Калјон во Организираната индустриска зона Башкент.

Притоа претседателот Ердоган информира дека со радосната вест којашто ја даде во петок (утре) ќе биде отворен еден нов период во Турција и овие негови зборови наидоа на голем одек и во странските медиуми.



Слични вести