Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во областа Зап во северниот дел на Ирак со реализирана воздушна операција се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК кои се утврдени со летала за извидување и набљудување и кои се подготвувале за напад

1475703
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во реализирана прекугранична воздушна операција на областа Зап во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се подготвувале за напад.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во областа Зап во северниот дел на Ирак со реализирана воздушна операција се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК кои се утврдени со летала за извидување и набљудување и кои се подготвувале за напад.“

Од друга страна, според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност во руралното подрачје на селото Кавакли во населеното место Меркез кај градот Хаќќари е реализирана операција од страна на тимовите на жандармериската команда и специјалните жандармериски сили (JÖH) при градската Команда на жандармеријата и специјалните полициски сили при градската дирекција на полицијата.

Во операцијата е неутрализиран еден терорист.

Операцијата во подрачјето продолжува.



Слични вести