Министерот Чавушоглу престојува во посета на Венецуела

Турскиот приватен сектор изразува голема желба за инвестирање во Венецуела

1475328
Министерот Чавушоглу престојува во посета на Венецуела

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу престојува во посета на Венецуела. Чавушоглу во рамките на посетата се состана со венецуелскиот колега Хорге Ареаза. На средбата беа разменети мислења во врска со можностите за унапредување и развој на соработката во сферата на трговијата, земјоделството, образованието, туризмот и низа други полиња.

„Досега остваривме добра соработка, но треба уште повеќе да се ангажираме“ рече чавушоглу.

Министрите Чавушоглу и Ареазапо средбата одржаа заедничка прес конференција. Чавушоглу рече дека „по епидемијата, соработката меѓу двете земји се стекна со поголемо значење. Минатата година, по инструкција на претседателот Реџеп Тајип Ердоган двајца лекари ја посетија Венецуела и со венецуелските колеги ја определија патната карта на здравствениот сектор на Венецуела.

Чувствуваме голема среќа и задоволство од опремата и медицинските препарати коишто Турција ги испрати на Венецуела, а кои денес пружаат услуги на венецуелскиот народ.

Со венецуелскиот колега остваривме многу плодна средба.

Разменивме мислења во врска со можностите за унапредување и развој на соработката во земјоделсвото, градежништвото, здравството, образованието, туризмот.

Турскиот приватен сектор изразува голема желба за инвестирање во Венецуела. Со трговски и пријателски чекори разменивме мислења и за вреднувње на стимулативните можности на тоа поле.

Покрај епидемијата на Ковид-19, обемот на трговската соработка меѓу двете земји во првите 6 месеци од годинава се зголеми за три пати во споредба со истиот период минатата година“ рече Чавушоглу.

„До денес постигнавме и остваривме многу значајни работи. Но треба упте повеќе да се ангажираме и да оствариме многу подобри активности. Туркиш ерлајнс има голема желба за повторно започнување на авионските летови за Каракас. Претседателот Ероган го покани венецуелскиот претседател Никола Мадуро да ја посети Турција. Поканата ќе му ја пренесам на претседателот Мадуро. Исто така чувствувам големо задоволство да бидам домаќин на колегата Ареаза во Турција“ рече Чавушоглу.

Министрите Чавушоглу и Ареаза потпишаа четири договори за унапредување и развој на меѓусебната соработка и тоа во сферата на културата, отворање на меѓусебни културни центри, соработка меѓу архивите и формирање катедра по турски јазик.

Двајцата министри преку видео конференција учествуваа на свеченото предавање на поправките на Болницата за мајки и деца Макутто Ана Тереза де Џесус Понце која беше остварена од страна на Агенцијата за соработка и координација (ТИКА).



Слични вести