Ердоган: „Епидемијата сеуште е под наша контрола“

Ниту една колонијална сила (во Источниот Медитеран) не може да ја принуди нашата земја да остане настрана и да не лиши од изворите на нафта и природен гас во областа за кои се претпоставува дека постојат во регионот

1475727
Ердоган: „Епидемијата сеуште е под наша контрола“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека контролата над епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) сеуште е во наши раце.

Ердоган во говорот на свеченото отворање на Фабриката за соларна технологија Калјон во Организираната индустриска зона Башкент во Анкара во врска со епидемијата на Ковид-19 рече:

„Иако во псоледно време се забележува делумен раст на бројот на инфектираните, контролата над епидемијата сеуште е во наши раце.“

Во врска со случувањата во Источниот Медитеран, претседателот Ердоган рече:

„Како што пред еден век сите заедно го скинавме Договорот од Севр, исто така и денес нема да потклекнеме на сите напори за повторно наметнување на Севр врз нашата земја во Источниот Медитеран.

Борбата којашто ја води Турција на различни фронтови од Источниот Медитеран до Либија, не е само борба за своите права и правда, туку борба за подобра иднина.

Ниту една колонијална сила (во Источниот Медитеран) не може да ја принуди нашата земја да остане настрана и да не лиши од изворите на нафта и природен гас во областа за кои се претпоставува дека постојат во регионот“ рече Ердоган.



Слични вести