Челик: „Немаме ниту капка вода за давање од Сината татковина“

Последната етапа во која се наоѓаме е пиратскиот договор меѓу Јужнокипарската управа и Франција.

1475377
Челик: „Немаме ниту капка вода за давање од Сината татковина“

Портпаролот на Партијата за правда и развој (АКП) Омер Челик рече дека Договорот меѓу Јужно кипарската управа и Франција е пиратски договор.

По состанокот на Централниот одлучувачки и управен одбор на партијата, Омер Челик на прес конференцијата направи проценка на актуелните случувања.

„Прашањата во Источниот Медитеран заземаат опширно место на дневниот ред“ рече Челик и додаде:

„Последната етапа во која се наоѓаме е пиратскиот договор меѓу Јужнокипарската управа и Франција. Овој договор за Турција е пиратски договор. Јужнокипарската управа нема право да потпише еден ваков договор. Франција во Источниот Медитеран се стекнува со провокативна улога. Кипарските Грци и Грците во Грција се лажат ако мислат дека ќе можат да формираат де факто состојба во регионот без да се договорат со Турската Република Северен Кипар.

Грците и Кипарските Грци треба да се откажат од непријателството кон Турција и Кипарските Турци, кое е зарежено во нивните кодови. Ако навистина сакате просперитет, спокојство во регионот, тогаш Република Турција и Турската Република Северен Кипар се најдоверливите партнери со коишто можете да седнете на преговарачката маса и на чие ветување можете да верувате. Затоа немаме ниту капка вода за давање од Сината татковина на најзначајниот партнер којшто наводно сака просперитет и довера, а формира де факто состојба и се обидува да ги узурпира нашите права и интереси“ рече портпаролот Челик.



Слични вести