Турската крајбрежна стража спаси од морето во близина на Фоча кај Измир 125 мигранти

Турската крајбрежна стража во близина на населеното место Фоча кај градот Измир спаси од морето 125 нерегуларни мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води

1474633
Турската крајбрежна стража спаси од морето во близина на Фоча кај Измир 125 мигранти

Од Егејското Море во близина на населеното место Фоча кај градот Измир се спасени 125 нерегуларни мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води.

Според објавеното соопштение од Командата на крајбрежната стража, вчера и завчера во близина на 'ртот Аслан кај населеното место Фоча во близина на Измир се спасени и изнесени на копно 125 нерегуларни мигранти кои биле качени на сплав и кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води.

Спасените мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција на Измир.



Слични вести