Мевлут Чавушоглу: Чувствувам радост од потпишувањето на 7 договори со Хаити

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја оствари својата прва официјална посета на Хаити кадешто се состана со својот хаитски колега Клод Жозеф, а беше примен и кај претседателот Жовенел Мојс

1474886
Мевлут Чавушоглу: Чувствувам радост од потпишувањето на 7 договори со Хаити

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојуваше во официјална посета на Хаити овде се состана со својот колега Клод Жозеф со кого најпрвин одржаа средба лице в лице, а потоа и заедничка прес конференција.

Овде, Чавушоглу ја изнесе својата радост од оваа негова прва остварена посета на Хаити и му се заблагодари на својот хаитски колега Клод Жозеф за топлото гостопримство.

Мевлут Чавушоглу рече: „Чувствувам радост од потпишаните 7 значајни дговори со Хаити.“

Велејќи дека за време на оваа негова посета беше примен и кај претседателот на Хаити Жовенел Мојс, Чавушоглу рече дека во оваа пригода му ги пренел на претседателот Мојс најсрдечните желби на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, а воедно потсети дека пред приближно 5 недели беше остварен и телефонски разговор помеѓу претседателот Ердоган и претседателот на Хаити Жавенел Мојс.

„Нашите претседатели определија значајни цели за нашите билатерални односи и за постигнување на истите ќе работиме заедно со мојот сакан другар Клод. Со нетрпение очекуваме да ги прошириме нашите односи со сите можни сфери и особено во сферата на економијата.“ - рече Чавушоглу.

Мевлут Чавушоглу нагласи дека на средбата со неговиот хаитски колега Клод Жозеф ги разгледале и прашањата во врска со енергијата, градежништвото, обновливата енергија и другите услуги, како и регионалните проекти.

Тој рече: „Постигнавме согласност по прашањето на интензивирање на нашата промена на секое ниво.“

Укажувајќи на тоа дека ќе продолжат и обостраните посети помеѓу двете земји, Чавушоглу рече: „Мојот претседател (Ердоган) ќе биде многу радосен да го угости претседателот Мојс во Турција. Ја доставив таа покана. И јас ќе бидам радосен да го угостам мојот сакан другар Клод во Турција.“

За време на посетата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Хаити беа потпишани 7 договори и тоа: „Меморандумот за разбирање во врска со формирањето на механизам за политичка консултација помеѓу Министерствата за надворешни работи“, „Меморандумот за разбирање за соработка помеѓу дипломатските академии на Министерствата за надворешни работи“ и „Меморандумот за разбирање во врска со управувањето со елементарни непогоди помеѓу Турција и Хаити“, „Договорот за економска соработка“, „Договорот за културна соработка“, „Протоколот за соработка во сферата на архивите“ и „Меморандумот за разбирање за техничка соработка.“



Слични вести