Ибрахим Калин: Турција не посакува воено решение никаде во Либија
Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека Турција не посакува воено решение никаде во Либија и верува оти ќе се постигне политичко решение во оваа земја

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин говореше за телевизискиот канал „Ал Џезира“ со седиште во Катар кадешто истакна дека Турција заедно и со Катар и други некои земји се наоѓа во Либија за поддршка на политичката иницијатива во Либија.
Велејќи „Ние не посакуваме воено решение никаде во Либија и во секоја прилика велиме дека не сакаме таму да продолжи воружениот судир“, Калин напомена дека Турција верува оти ќе се постигне политичко решение во Либија и дека Турција е загрижена од тоа што во текот на една година се врши воено натрупување во Сирте и Џуфра.
Ибрахим Калин појасни дека оваа состојба претставува закана за мирот и за територијалниот интегритет на Либија и дека Турција се спротивставува на официјалните и неофицијалните планови во врска со поделбата на Либија.
Тој нагласи дека Турција не сака да дојде во ситуација „лице в лице“ со ниту една држава и дека Египет е соседна земја на Либија за која верува оти би можела да преземе конструктивна улога.
„Она што не загрижува всушност нас е присуството на платеници на Русија како што е 'Вагнер' и тоа што Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) донесоа платеници од земји како Судан, Нигер и Чад, а со цел поддршка на Халифа Хафтар, воадчот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.“ - порача Калин.
Велејќи дека Турција верува оти предлогот за демилитаризација на Сирет и Џуфра би можела да претставува добра идеја којашто би можела да се земе во предвид за стопирање на судирите, Ибрахим Калин го подвлече следното: „Доколку либиската влада ја одобри во прифатливи услови демилитаризацијата на Сирте и Џуфра, ние ќе ја поддржуваме. Меѓутоа, тоа треба да се реализира на праведен (фер) и транспарентен начин. Овие градови би можеле да станат прозорец за политичко решение.“
Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин исто така истакна дека Турција не сака затегнатост во Источниот Медитеран, а воедно привлече внимание на тоа дека земјите кои излегуваат на Средоземното Море би можеле да придонесат за доведување на регионот во состојба на мир и просперитет и природните извори би можеле да ги споделат на праведен начин.