Доналд Трамп: Бајден не може да се „носи“ со претседателот Ердоган кој е шахист од светска класа

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека во свет во кој има светски лидери „шахисти во светски рамки“ како што е и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, а за кандидатот на Демократите Џо Бајден рече дека е „ментално недоволен“

1474632
Доналд Трамп: Бајден не може да се „носи“ со претседателот Ердоган кој е шахист од светска класа

Американскиот претседател Доналд Трамп преку телефон учествуваше во програмата на телевизискиот канал „Фокс Њуз“ (Fox News) кадешто направи проценка на актуелниот дневен ред.

Трамп истакна дека во свет во кој има светски лидери „шахисти во светска класа“ како што е и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, кандидатот на Демократите за претседател Џо Бајден а е „ментално недоволен (слаб)“.

Доналд Трамп во текот на програмата го критикуваше својот противник од редовите на Демократите Бајден во однос на различни прашања, а воедно упати остри критики до него и во однос на надворешната политика.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека во средина кога има многу остроумни светски лидери Бајден не би можел „да се носи“ со овие лидери, Трамп го изнесе коментарот дека „Бајден е ментално истрошен“. 

„Разговарате со многу остроумни луѓе. Има лидери на земји кои се врвни шахисти, јас нив ги познавам. На пример, претседателот на Турција Ердоган. Во тој случај не би можеле да располагате (како претседател) со некој кој дури и самиот не знае каде е (Бајден), не може да излезе дури и од подрумскиот кат и не може да зборува.“ - рече Трамп.  

Освен тоа американскиот претседател Доналд Трамп го нагласи и тоа дека се разбираат добро со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и дека некои претседатели го бараат и сакаат од него да разговара со претседателот Ердоган, а бидејќи како што рече знаат дека Ердоган него ќе го послуша. 

Инаку, кандидатот на Демократите за претседател на САД Џо Бајден за време на еден негов разговор во јануари употреби скандалозни зборови во врска со Турција, што пак наиде на остра реакција кај Анкара.



Слични вести