Благодарност од претседателот на Молдавија Додон до Турција и претседателот Ердоган

Претседателот на Молдавија Игор Додон им се заблагодари на Турција и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за доставената поддршка на неговата земја во борбата против новиот тип коронаворус (Ковид-19)

1474627
Благодарност од претседателот на Молдавија Додон до Турција и претседателот Ердоган

Претседателот на Молдавија Игор Додон во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук им се заблагодари на Турција и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за доставената поддршка во борбата против новиот тип коронаворус (Ковид-19).

Додон истакна дека со поддршка на Светската банка (СБ) купиле 50 апарати за дишење (респиратори) од Турција и го рече следното: „Му се заблагодарувам на претседателот Ердоган за тоа што го дозволи тоа.“

Велејќи дека еден дел од сумата е исплатена, а останатиот дел ќе биде исплатен во иднина, Додон истакна дека и се заблагодарува на Турција за доставената поддршка во борбата против епидемијата на Ковид-19.

Молдавискиот претседател Игор Додон ја сподели и информацијата дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу идната недела ќе ја посети Молдавија. 

Инаку, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и достави помош во медицински материјали на Молдавија.



Слични вести