Акар : Ќе продолжиме да ги браниме целовитоста и безбедноста на Либија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција ќе продолжи да прави се што е во нејзина можност за целовитоста и безбедноста на Либија и за простепритетот на либискиот народ

1474786
Акар : Ќе продолжиме да ги браниме целовитоста и безбедноста на Либија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер вчера отпатува во посета на главниот град на Либија, Триполи, а со цел да направи увид на лице место на активностите коишто се реализираат во рамките на потпишаниот меморандум за безбедносна и воена соработка.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на своите средби и разговори во Триполи се состана одделно со либискиот премиер Фајез ал-Сараџ, министерот за внатрешни работи Фетхи Башага и со претседателот на Високиот совет на Либија Халид ал-Мешри.

Акар истакна дека Турција ќе продолжи да прави се што е во нејзина можност за целовитоста и безбедноста на Либија и за простепритетот на либискиот народ.

Велејќи „Ние се наоѓаме овде на покана на Владата на национално единство која е призната од страна на Обединетите нации (ОН), Акар го рече следното „Ќе продолжиме да бидеме заедно со нашите либиски браќа и во мака и во радост. Ќе продолжиме да правиме сѐ што е во наша можност за целовитоста и безбедноста на Либија и за простепритетот на либискиот народ,.“

Укажувајќи на прекршувањата на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, Акар рече: "Ние сме на праведната страна. Ја поддржуваме владата која е призната од страна на Обединетите нации (ОН) и ги поддржуваме ѝ територијалниот интегритет ѝ политичкото единство на Либија. Водиме обиди нејзиниот нстод6да живее во спокојство, безбедност и доверба. Се обидуваме прекинот на огнот да биде траен. Спротивната страна пак, секој гледа што прави. Секој треба да знае што се случи во Тархуна и што значат тамошните масовни гробници, треба добро да знае кој кого поддржува."

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се осврна и на активностите на Турција во Источниот Медитеран во врска со што го подвлече следното: "Во Источниот Медитеран, ги продолжуваме нашите активности за одбрана ѝ на нашите права и интереси ѝ на нашите кипарски браќа, целосно во согласност со меѓународното право." 

Акар воедно за договорот за "ексклузивна економска зона" рече дека нема никаква валидност.



Слични вести