Министерот Хулуси Акар и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер во посета на Либија

По повод посетата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер на аеродромот Митига во Триполи беше приредена воена церемонија

1474324
Министерот Хулуси Акар и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер во посета на Либија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер отпатува во посета на главниот град на Либија, Триполи, со цел да направи увид на лице место на активностите коишто се реализираат во рамките на потпишаниот меморандум за безбедносна и воена соработка.

По повод посетата на министерот Хулуси Акар и генерал на армија Јашар Ѓулер на аеродромот Митига беше приредена воена церемонија.

Овде министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше пречекан од страна на заменик министерот за одбрана на легитимната либиска Влада која е призната и од страна на Обединетите нации (ОН) Селахаддин ен-Немруш, началникот на Генералштабот на Либија генерал полковник Мухамед еш-Шериф и амбасадорот на Турција во Триполи Серхат Акин и други турски и либиски функционери.

Министерот Хулуси Акар ја поздрави почесната гарда.

По церемонијата министерот за национална одбрана Хулуси Акар и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер преминаа во Консултативната команда за одбрана ,безбедносна соработка и обука и помош којашто е формирана во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и Либија.



Слични вести