Хулуси Акар: Либија е на Либијците и ние сме покрај легитимната влада призната од страна на ОН

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Либија е на Либијците и дека Турција стои покрај легитимната влада која е призната од страна на Обединетите нации (ОН)

1474453
Хулуси Акар: Либија е на Либијците и ние сме покрај легитимната влада призната од страна на ОН

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер отпатува во посета на главниот град на Либија, Триполи, со цел да направи увид на лице место на активностите коишто се реализираат во рамките на потпишаниот меморандум за безбедносна и воена соработка.

По повод посетата на министерот Хулуси Акар и генерал на армија Јашар Ѓулер на аеродромот Митига беше приредена воена церемонија.

Овде министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше пречекан од страна на заменик министерот за одбрана на легитимната либиска Влада која е призната и од страна на Обединетите нации (ОН) Селахаддин ен-Немруш, началникот на Генералштабот на Либија генерал полковник Мухамед еш-Шериф и амбасадорот на Турција во Триполи Серхат Акин и други турски и либиски функционери.

Министерот Хулуси Акар ја поздрави почесната гарда.

По церемонијата министерот за национална одбрана Хулуси Акар и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер преминаа во Консултативната команда за одбрана ,безбедносна соработка и обука и помош којашто е формирана во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и Либија.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа овде истакна дека Турција стои покрај легитимната влада која е призната од страна на Обединетите нации (ОН). 

Акар рече: „Либија е на Либијците и ние сме покрај легитимната влада која е призната од страна на Обединетите нации (ОН). Поддржувајќи ги нашите либиски браќа во нивната праведна кауза веруваме дека ќе ги постигнеме посакуваните резултати.

На ручекот што беше приреден потоа и кој помина во срдечна атмосфера присуствуваа и катарскиот министер за одбрана Халид бин Мухамед ел-Атије и либискиот заменик министер за одбрана Селахаддин ен-Немруш.

 



Слични вести