Чавушоглу оствари средба со Помпео

Грција постојано врши црна пропаганда

1474118
Чавушоглу оствари средба  со Помпео

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во врска со скандалозната изјава на американскиот претседателски кандидат Џо Бајден рече дека „Турција децидно ги отфрлува овој вид наметнувања. Тоа е неука изјава на лице кое доволно не го познава турскиот народ.“

Во рамките на псоетата на Доминиканската Република, министерот Чавушоглу оствари средба со американскиот колега Мајк Помпео.

Чавушоглу во изјавата за печатот во врска со средбата рече дека гчавна тема на разговорите освен актуелните прашања, беше и состојбата во Либија и дека усвоиле одлука за продолжување на консултативните разговори на ниво не експертски екипи.

„На Помпео преку карта му го пренесов ставот на Турција во Источниот Медитеран и конструктивниот приод во текот на овој процес, како и оправданата кауза и континенталниот гребен.

Грција постојано врши црна пропаганда. Истакнува дека Турција наводно вррши неправда и го прекршува меѓународното право. Ето она што го прави Турција е во согласност со меѓународното право“ рече Чавушоглу.

На едно прашање во врска со изјавата на бајден во врска со Турција, министерот Чавушоглу рече дека демократскиот претседателски кандидат по говорот што го одржа во 2014 година на Блискиот Исток во врска со Турција, по телефон му се јави на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и му се извини.

„Турција веќе не е стара Турција, турскиот народ децидно ги одбива овој вид наметнувања“.

Бајден во говорот што го одржа во декември, истакна скандаолзни зборови дека со поддршка на опозицијата ќе ја промени власта во Турција.

Од друга страна министерот Чавушоглу учествуваше на свеченото положување на заклетвата на новиот претседател на Доминиканската Република, Луис Абиданер Корона.



Слични вести