Турција издаде нова навигациска информација „NAVTEX“ за Источниот Медитеран

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ во која се истакнува дека бродот за дупчење „Јавуз“ ќе реализира активности за пребарување од 18 август до 15 септември во Источниот Медитеран, во југозападниот дел на островот Кипар

1473814
Турција издаде нова навигациска информација „NAVTEX“ за Источниот Медитеран

Како што се истакнува бродот за дупчење „Јавуз“ ќе ги продолжи своите активности за пребарување на јаглеводородни извори во Источниот Медитеран во близина на островот Кипар.

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) за просторот кадешто бродот за дупчење  „Јавуз“ ќе реализира активности за пребарување од 18 август до 15 септември. 

Според тоа, бродот „Јавуз“ заедно и со турските бродови „Ертугрул Беј“, „Осман Беј“ и „Орхан Беј“ ќе  реализира активности во Источниот Медитеран, во југозападниот дел на островот Кипар.

Во објавената навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) се истакнува и следното: „Силно се препорачува да не се влегува во зоната на активностите.“

Инаку, Турција претходно соопшти дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ заедно со бродовите „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ ќе реализира сеизмички истражувања во претходно соопштената зона во близина на островот Кипар во Источниот Медитеран, а воедно објави и навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) каде што се вели дека бродот „Оруч Реис“ ќе ги реализира своите активности до 23 август.



Слични вести