Реакција од Турција на договорот за соработка во одбраната помеѓу Кипарско-грчкиот дел и Франција

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека Јужната кипарско-грчка управа која не ги претставува целиот остров и кипарските Турци нема право и надлежност за потпишување на еден ваков договор

1473677
Реакција од Турција на договорот за соработка во одбраната помеѓу Кипарско-грчкиот дел и Франција

Турција покажа реакција против соопштението дека на 1 август стапи во примена "Договорот за соработка во одбранбената сфера", инаку договор којшто е потпишан на 4 април 2017 година помеѓу Кипарско-грчката управа и Франција.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во врска со ова прашање го истакна следното: "Неприфатливо е тоа што Франција фрла чекори коишто во овој период уште повеќе ќе ја зголемат затегнатоста и тоа што во тој контекст реализира заеднички воени вежби со Јужната Кипарско-грчка управа и макар и за привремено спротивно на Договорите од 1960 година овде гинраспоредува своите воени авиони."

Аксој во дадениот писмен одговор на едно поставено прашање истакна дека денеска се соопштува дека на 1 август стапи во примена Договорот за соработка во сферата на одбраната којшто инаку е потпишан помеѓу Јужната кипарско-грчка управа на 4 април 2017 година. 

"Јужната кипарско-грчка управа која не ги претставува целиот остров и кипарските Турци, не располага со право и надлежност за потпишување на еден ваков договор." - рече Аксој. 

Портпаролот Хами Аксој подвлече дека договорот за којшто станува збор е во спротивност со Договорите од 1960 година и со воспоставената рамнотежа од страна на тие договори, а воедно содржи ризик да ги попречи и напорите во правец на воспоставување на стабилноста и безбедноста во Источниот Медитеран.

Велејќи дека турската страна во минатото достави конструктивни и позитивни предлози регионот да стане простор на просперитет и стабилност, но дека овие нејзини предлози беа отфрлени од страна на кипарско-грчката двојка, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го додаде следното: "Неприфатливо е тоа што Франција фрла чекори коишто во овој период уште повеќе ќе ја зголемат затегнатоста и тоа што во тој контекст реализира заеднички воени вежби со Јужната кипарско-грчка управа и макар и за привремено спротивно на Договорите од 1960 година овде ги распоредува своите воени авиони. Ги поддржуваме реакцијата којашто е покажана и објавените соопштенија по ова прашање од страна на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Франција која е постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), ја повикуваме да се однесува поодговорно во однос на прашања во врска со Кипар коишто се наоѓаат на дневниот ред на Обединетите нации (ОН)."



Слични вести