Реакција од Калин против Џо Бајден: Ако мислите дека сѐ уште би го пробале тоа, повелете

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин покажа реакција против скандалозните изјави на поранешниот американски потпретседател и сегашен кандидат за претседател на САД Џо Бајден

1473738
Реакција од Калин против Џо Бајден: Ако мислите дека сѐ уште би го пробале тоа, повелете

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во врска со зборовите коишто поранешниот американски потпретседател и сегашен кандидат за претседател на САД Џо Бајден ги употреби за Турција покажа реакција со споделена објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напишана на англиски јазик. 

Калин истакна дека изјавите на Џо Бајден во врска со Турција се потпираат на неукост, ароганција и дволичност.

"Анализата на Бајден во Турција се потпира на чиста неукост, ароганција и дволичност. Деновите на издавање наредба на Турција останаа во минатото, ако мислите дека сѐ уште би го пробале тоа, повелете. Ќе ја платите сметката за тоа." 



Слични вести