Претседателот Ердоган ја посети висорамнината Ајдер во црноморската област

Претседателот Ердоган ја посети висорамнината Ајдер во црноморската област кадешто направи увид на лице место на активностите коишто се реализираат овде од страна на Министерството за животна средина и урбанизам

1473827
Претседателот Ердоган ја посети висорамнината Ајдер во црноморската област

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја посети висорамнината Ајдер во населеното место Чамлихемшин кај градот Ризе во црноморската област кадешто направи увид на лице место на активностите коишто се реализираат од страна на Министерството за животна средина и урбанизам.

Претседателот Ердоган од својата куќа во населеното место Ѓинејсу со хеликоптер замина за Ардешен, а оттаму по копнен планински пат тргна кон висорамнината Ајдер. 

Ердоган ги поздрави граѓаните со кои се сретна по патот и беше информиран од страна на надлежните во врска со работите коишто се реализираат во областа.

Потоа претседателот Ердоган пристигна на висорамнината Ајдер кадешто заедно со оние во негова придружба ручаше во еден хотел.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган овде направи увид на лице место на активностите коишто се  реализираат во рамките на Проектот за обнова и заштита на Ајдер од страна на Министерството за животна средина и урбанизам, беше информиран во врска со овдешните работи и истакна дека областа ќе биде ставена во услуга на туризмот.



Слични вести