Ердоган: Нема да отстапиме пред јазикот на санкции и закани

Претседателот Ердоган истакна дека онака како пред еден век беше скинат и фрлен Севр, денеска со истата одлучност ќе се брани и "Сината татковина"

1473653
Ердоган: Нема да отстапиме пред јазикот на санкции и закани

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на една програма во градот Ризе каде што истакна дека Турција од земја чија волја беше под хипотека е дојдена во положба на земја чиј збор и политики се следат од близу. 

Претседателот Ердоган рече: "Никако нема да потклекнеме пред разбојништвото во нашиот континентален гребен."

Тој потсети дека пред два дена оствари телефонски разговори најпрвин со германската канцеларка Ангела Меркел, а потоа и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, и го рече следното: 

"И по овие разговори овие фрлени чекори... Пред овие напади против Турција ние секогаш бевме олеснувачки, секогаш бевме меки. Меѓутоа, Грција не одговара на ист начин на нашиот приод. Така да ако го продолжат овој вид приод треба да го знаат тоа дека ние ќе го направиме неопходното. Нашата земја е во право по ова прашање до крај, било од аспект на меѓународното поморско право, било од аспект на прифатените вообичаени применување. И ова свое право ќе продолжи да го брани искористувајќи ги сите можности со коишто располага. Оние кои пред 100 години со одредена политика ја оставија Турција надвор од енергетските извори во нејзиниот јужен дел не ќе можат да го направат тоа во Источниот Медитеран. Никако нема да потклекнеме пред разбојништвото во нашиот континентален гребен. Нема да отстапиме пред јазикот на санкции и закана. Онака како што пред една година го скинавме и фрливме Севр кој имаше за цел да ја распарчи нашата татковина, денеска со истата одлучност ќе ја браниме нашата 'Сина татковина'."

Претседателот Ердоган во продолжение го истакна следното: "Оруч Реис ќе ги продолжи своите активности до 23 август. Во овој процес, и при најмало вознемирување на нашиот брод никако нема да се воздржиме да го дадеме потребниот одговор."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека Турција никако не е во потрага по затегнатост, не посегнува по правото на никого и ги брани правото на својот народ и на кипарските Турци.



Слични вести