Одговор од МНР на Турција на повикот на ЕУ за преговарање во врска со Источниот Медитеран

„Повикот на ЕУ не треба да биде насочен кон Турција, туку кон оние кои фрлаат еднострани и провокативни чекори во Источниот Медитеран и кон оние кои не ги почитуваат правата и интересите на Турција и на кипарските Турци“ - се вели во соопштението на МНР

1473517
Одговор од МНР на Турција на повикот на ЕУ за преговарање во врска со Источниот Медитеран

Турција одговори на повикот на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) за преговори во врска со Источниот Медитеран.

На соопштението на министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) „Разграничувањето на сферите на надлежност во морето и искористувањето на изворите може да се реши само по пат на дијалог и преговарање, во рамките на добрата волја, добрососедските односи и меѓународното право“, од страна на Министерството за надворшени работи беше одговорено со споделена објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Во објавата на МНР се истакнува дека Турција е на страна на дијалог и преговарање и се додава следното: „(Турција) е одлучна да ги брани своите легитимни права и интереси. Повикот на Европската унија (ЕУ) не треба да биде насочен кон Турција, туку кон оние кои фрлаат еднострани и провокативни чекори во Источниот Медитеран и кон оние кои не ги почитуваат правата и интересите на Турција и на кипарските Турци.“

 



Слични вести