Мошне остар одговор од Турција до Џо Бајден: „Оние кои ќе се осмелат ќе го добијат заслуженото“

Турција даде мошне остар одговор на скандалозните изјави кои ги употреби поранешниот претседател на САД и кандидат за претседател на Демократите за претстојните претседателски избори Џо Бајден: „Оние кои ќе се осмелат ќе го добијат заслуженото“

1473564
Мошне остар одговор од Турција до Џо Бајден: „Оние кои ќе се осмелат ќе го добијат заслуженото“

Турција, во врска со скандалозните изјави кои ги употреби поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) и кандидат за претседател на Демократите за претстојните претседателски избори Џо Бајден, даде мошне остар одговор: „Оние кои ќе се осмелат ќе го добијат заслуженото.“

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун во врска со скандалозните изјави на Бајден во споделената објава на својот профил на социјалната медија го напиша следното: „Турција нема да дозволи со вакви видови неодговорни изјави да се расипе демократската политичка атмосфера, ќе ја продолжи својата борба под лидерство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган.“

Алтун истакна дека изјавите коишто Џо Бајден ги употреби во месец декември (2019), меѓутоа кои се објавени во медиумите деновиве, се одраз на игрите коишто се играат врз Турција и интервенционистичките (наметливите) приоди.

Нагласувајќи дека овие изјави не се поклопуваат со демократијата и со природата на билатералните односи помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД), Фахреттин Алтун ја изнесе следната констатација: „Овие недолични изјави на еден кандидат за претседател на САД кои се наши НАТО сојузници и кои немаат свое место и во дипломатијата, веруваме дека се сметаат како неприфатливи и од страна на актуелната управа. Турција апсолутно не е земја која би била користена како средство за политички игри.“

Привлекувајќи внимание дека потреба на демократијата е политичките институции и јавноста на САД да не им обрнува внимание на овие неодговорни изјави и да ја покаже потребната реакција, а коишто мошне јасно се дадени за дневни политички придобивки, Алтун го истакна следното: „Турција нема да дозволи со вакви видови неодговорни изјави да се расипе демократската политичка атмосфера, ќе ја продолжи својата борба под лидерство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган. Никој не може да ги напаѓа нашата национална волја и нашата демократија, да ја преиспитува легитимноста на нашиот претседател кој е избран со гласовите на народот. Оние кои се осмелија на тоа како последно го добија заслужениот одговор ноќта на 15 јули 2016 година (обидот за пуч на Фетулахистичката Терористичка Организација (ФЕТО). Едно пријателско потсетување.“

Реакција на скандалозните изјави кои ги употреби поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) и кандидат за претседател на Демократите за претстојните претседателски избори Џо Бајден, во врска со Турција, пристигна и од Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик.

Челик рече: „Она коешто го зборува многу добро знае дека е 'пучизам'. Дефинирањето на тоа е пучизам. Дневниот ред во Венецуела се обидел да ја пренесе на Турција. /.../ Она коешто им го направија на сателиските држави приврзани кон нив во минатото, сега се обидуваат да го направат во демократските земји. Тоа нема врска ниту со НАТО сојузништвото, ниту со демократскиот менталитет. Претседателот на Турција е избран со волјата на народот и е на својата должност. Да се произведува политички став против нашиот претседател, е да се произведува политички став против Турција.“

Инаку, деновиве е дознаено дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) и кандидат за претседател на Демократите за претстојните претседателски избори Џо Бајден во месец декември (2019) употребил скандалозни изјави во врска со Турција.

Бајден, изнесувајќи ја својата поддршка на опозицијата употребил скандалозни изјави во однос на тоа дека би можеле да ја променат власта во Турција.



Слични вести