Министерот Чавушоглу ќе се состане со својот американски колега Помпео

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу утре во Доминиканската Република ќе се состане со американскиот државен секретар Мајк Помпео со кого ќе разговараат за случувањата во Источниот Медитеран

1473322
Министерот Чавушоглу ќе се состане со својот американски колега Помпео

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе се состане со американскиот државен секретар Мајк Помпео со кого ќе разговараат за случувањата во Источниот Медитеран.

Според добиени информации од дипломатски извори, двајцата министри ќе се состанат утре во Доминиканската Република и ќе направат проценка на последната ситуација со случувањата во Источниот Медитеран. 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера разговараше со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас и притоа нагласи дека треба да се намали тензијата во Источниот Медитеран. 

 Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пак, на одржаната прес конференција во Швајцарија истакна дека Турција е на страната решавање на сите прашања во регионот со дијалог и на мирољубив начин. 



Слични вести