Хулуси Акар: Турција не гаи претензии кон ничија територија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција не гаи претензии кон ничија територија и дека го почитува територијалниот интегритет и политичкото единство на сите свои сиседи

1473468
Хулуси Акар: Турција не гаи претензии кон ничија територија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар преку видео конференција им се обрати на воените единици на задача во Средоземното Море и Егејското Море меѓу кои се наоѓаат и бродовите кои го придружуваат бродот за сеизмички истражувања "Оруч Реис". 

Овде Акар истакна дека државата Република Турција не гаи претензии кон ничија територија.

Велејќи "Како држава Република Турција немаме око во ничија територија", министерот Акар нагласи дека Турција го почитува територијалниот интегритет и политичкото единство на сите свои соседи.

Акар истакна дека Турција своите активности ги реализира во согласност со разумот, логиката, меѓународното право и добрососедските односи. 

"Себичните, едностраните барања и приоди на Грција во Егејското Море и Средоземното Море со коишто не се признава меѓународното право и се надгледуваат само сопствените интереси, не се истоветуваат со вистините. Во тие рамки, се обидуваме да објасниме дека активностите коишто се реализираат не се во усогласеност со разумот, логиката и меѓународното право и дека тоа не обезбедува корист за никого." - рече министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Велејќи "Ниту во историјата ниту денеска на ниту едно место во светот не постои пример каде што територијалните води се 6 милји, воздушниот простор 10 милји, каде воздушниот простор и територијалните води се различни", Хулуси Акар воедно во врска со островот Меис (грчки Кастелоризо) го рече следното:

"Островот Меис (Кастелоризо) е на оддалеченост од 2 километри од Турција и 580 километри од Грција. Простор со површина од 10 квадратни километри. Доколку на оваа површина и дадете простор на надлежност во морето од 40 илјади квадратни километри колку што не и давате на Турција која располага со крајбрежје од приближно 1.800 километри, тоа не е можно да се објасни со правдата, правото, умот, разумот и логиката."

Министерот Акар појасни дека и покрај сите негативни и незаконски обиди се очекува да надвладее здравиот разум.

"Уште еднаш би сакал да потсетам дека најзначајното средство е дијалогот и дека со дијалог би можеле да решиме голем број проблеми." - порача министерот за национална одбрана Хулуси Акар.



Слични вести