Фуат Октај во врска со Источниот Медитеран: Пријателството на Турција е драгоцено, за оној кој го знае тоа

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Турција се обидува да ги прошири патиштата за соработка и да овозможи да профункционира дипломатијата во сите прашања и случувања коишто се доживуваат во нејзиниот регион и особено во Источниот Медитеран

1473546
Фуат Октај во врска со Источниот Медитеран: Пријателството на Турција е драгоцено, за оној кој го знае тоа

Потпретседателот Фуат Октај во споделената објава на својот профил на социјалната медија истакна дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ ги продолжува со одлучност своите активности во границите на „Сината татковина“.

Октај истакна дека Турција се обидува да ги прошири патиштата за соработка и да овозможи да профункционира дипломатијата во сите прашања и случувања коишто се доживуваат во нејзиниот регион и особено во Источниот Медитеран.

Велејќи дека опасните игри коишто ги играат некои земји во Источниот Медитеран изнесувајќи ги притоа како изговор овие активности достигнаа до неприфатливи димензии од аспект на Турција, потпретседателот Фуат Октај го напиша следното: „Оние кои инсистираат во подготвување на игри против нашата земја, оние кои трчаат по својот сон да ја заробат Турција во своите континентални територии (копното), се осудени да го заземат своето место меѓу губитниците. Пријателството на Турција е драгоцено, за оној кој го знае тоа.“ 

 



Слични вести