Алтун: Договорот помеѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел е неважечки за Турција

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун истакна дека постигнатиот договор помеѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел е неважечки за Турција

1473513
Алтун: Договорот помеѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел е неважечки за Турција

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната медија сподели објава во која истакна дека постигнатиот договор за нормализација помеѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел е неважечки за Турција.

Алтун го напиша следното: "Таканаречениот договор што Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го постигнаа со Израел, е неважечки (ништовен) за Турција. Овој чекор којшто ги негира (смета за ништовни) правата на Палестинците уште отсега е осуден во совеста на народите во регионот, а пред се кај Палестинците."

Фахреттин Алтун истакна дека овој договор отворено ги откри оние кои се наоѓаат во позадината на бранот на дестабилизација којшто долго време како го заробува регионот, а воедно напомена дека уште еднаш покажа кои се оние кои праведната кауза на палестинскиот народ ја користат за сопствените интереси.

Нагласувајќи дека Турција го поддржува праведното решение во Палестина, Алтун рече: "Секогаш ќе се спротивставиме трети земји да се обидуваат да го стсват6под хипотека ова прашање и да се закануваат на постоењето на Палестинците и да ги негираат нивните права.

Овој арогантен обид на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е во спротивност со идејата за мир и компромис којашто ја посакува меѓународната заедница. Неправедните фрлени чекори без да се добие согласноста на страните нема да му донесат спокојство на нашиот регион. За спокојството и просперитетот на регионот секој треба да ја покаже потребната реакција против оваа опасна соработка.

Турција нема да ја остави сама Палестина никогаш и на никоја платформа. Турција како во минатото така и денеска ќе работи со искреност за ставање во примена на праведно и трајно решение во палестинскиот проблем и ќе продолжи да стои зад палестинскиот народ." - напиша шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната медија. 



Слични вести