Реакција од Турција против договорот помеѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел

МНР на Турција објави соопштение во кое покажа реакција против постигнатиот договор помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)

1472793
Реакција од Турција против договорот помеѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел

Турција покажа реакција против постигнатиот договор помеѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се нагласува дека е покажаната праведна силна и заедничка реакција од страна на палестинскиот народ и управата во врска со објавената заедничка декларација на Соединетите Американски Држави (САД), Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а која предвидува целосно нормализирање на односите помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Во соопштението се истакнува дека крајно загрижува тоа што Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со еднострана одлука се обидуваат да го укинат Арапскиот мировен план развиен во 2002 година од страна на Арапската лига (АЛ) под водство на Саудиска Арабија, а кој инаку е поддржуван и од страна на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Се вели дека тоа што тројната декларација за која станува збор се презентира како поддршка на палестинската кауза нема никаква доверливост и кредибилитет.

„Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) кои преку планот на САД којшто ионака е мртвороден и нема никаква валидност се обидуваат да прават тајни пресметки, на овој начин ја игнорираат и волјата на Палестина. Лидерството на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) никако нема надлежност да води преговори со Израел во име на палестинскиот народ, палестинската управа и Палестина и да прави отстапки во однос на прашања коишто се од животно значење од аспект на Палестина. Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за своите сопствени тесни интереси врши предавство на палестинската кауза и се обидува тоа да го презентира речиси како самопожртвуваност за Палестина. Ова нивно лицемерно однесување нема да се заборави и од страна на историјата и совеста на народите во регионот и никогаш нема да им се опрости за тоа.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

 



Слични вести